Соопштенија

Управата за финансиско разузнавање информира за мерките на Moneyval Комитетот кон државите кои имаат значајни недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да бара постапување согласно позитивните законски прописи и да преземање мерки на засилена анализа.

Moneyval Комитетот при Советот на Европа на 46от Пленарен состанок донесе одлука за продолжување на важноста на јавното соопштение за примена на засилени мерки кон Босна и Херцеговина. Ова е јавното соопштение на Moneyval Комитетот:


КОМИТЕТ НА ЕКСПЕРТИ ЗА
ЕВАЛУАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
(MONEYVAL)
Јавно соопштение на Moneyval Комитетот во рамки на Чекор 3 во
Постапката за постигнување на усогласеност на Босна и Херцеговина


                                                                                                                                          12 декември 2014 година


Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Moneyval) при Советот на Европа утврди недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (СПП/ ФТ) на Босна и Херцеговина во декември 2010 година .


Moneyval Комитетот на 35от Пленарен Состанок (одржан во периодот 11-14 април 2011, во Стразбур), ја повика Босна и Херцеговина да подготви јасен акционен план и реална временска рамка за надминување на недостатоците на системот за СПП/ ФТ утврдени во рамки на третиот круг на евалуација. Дополнително, за да биде покажана политичка волја, Moneyval Комитетот побара акциониот план да биде одобрен од страна на Владата. На 37от Пленарен Состанок (одржан во периодот 13-16 декември 2011) Moneyval Комитетот истакна дека на 10 октомври 2011 година Советот на министри на Босна и Херцеговина го разгледа и усвои акциониот план. Moneyval Комитетот на 44от Пленарен Состанок (одржан во периодот 31.03-04.04.2014), утврди дека мнозинството од целите утврдени во акциониот план не се исполнети, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам не е усвоен и амандманите за изменување на Кривичниот законик се одбиени. Како последица на ова Moneyval Комитетот издаде јавна изјава на 1 Јуни 2014.


Иако, амандманите на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам беа усвоени и влегоа во сила на 25.06.2014, соодветните подзаконски акти треба да бидат усвоени и истите да стапат на сила. Амандманите на Кривичниот Закон сеуште не се усвоени. Moneyval Комитетот ја повикува Босна и Херцеговина што е можно поскоро и правилно да ги надмине недостатоците на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, посебно потребно ќе биде да ги усвои амандманите на Кривичниот Закон


Moneyval Комитетот продолжува да ги повикува државите кои ги евалуира и другите држави да ги известат финансиските институции да посветат посебно внимание со примена на мерки на засилена анализа кон трансакциите на лица или финансиски институции од или кон Босна и Херцеговина, за да го пресретнат ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.


Во периодот од декември 2010 година до сега преземени се серија од мерки, кои кулминираа во февруари 2014 година, кога во рамки на чекорот (iv) од Правилата на Процедурата, се реализираше оофицијална мисија за спроведување на ставовите на Moneyval Комитетот за неусогласеноста на Босна и Херцеговина


Управата за финансиско разузнавање информира за мерките на Moneyval Комитетот кон државите кои имаат значајни недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да бара постапување согласно позитивните законски прописи и да преземање мерки на засилена анализа.

Moneyval Комитетот при Советот на Европа на 45от Пленарен состанок донесе одлука за продолжување на важноста на јавното соопштение за примена на засилени мерки кон Босна и Херцеговина. Ова е јавното соопштение на Moneyval Комитетот:


КОМИТЕТ НА ЕКСПЕРТИ ЗА
ЕВАЛУАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ЗА
СПРЕЧУВАЊЕ НА ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ
(MONEYVAL)
Јавно соопштение на Moneyval Комитетот во рамки на Чекор 3 во
Постапката за постигнување на усогласеност на Босна и Херцеговина

                                                                                                                                          19 Септември 2014 година


Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Moneyval) при Советот на Европа утврди недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (СПП/ ФТ) на Босна и Херцеговина во декември 2010 година.


Moneyval Комитетот на 35от Пленарен Состанок (одржан во периодот 11-14 април 2011, во Стразбур), ја повика Босна и Херцеговина да подготви јасен акционен план и реална временска рамка за надминување на недостатоците на системот за СПП/ ФТ утврдени во рамки на третиот круг на евалуација. Дополнително, за да биде покажана политичка волја, Moneyval Комитетот побара акциониот план да биде одобрен од страна на Владата. На 37от Пленарен Состанок (одржан во периодот 13-16 декември 2011) Moneyval Комитетот истакна дека на 10 октомври 2011 година Советот на министри на Босна и Херцеговина го разгледа и усвои акциониот план. Moneyval Комитетот на 44от Пленарен Состанок (одржан во периодот 31.03-04.04.2014), утврди дека мнозинството од целите утврдени во акциониот план не се исполнети, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам не е усвоен и амандманите за изменување на Кривичниот законик се одбиени. Како последица на ова Moneyval Комитетот издаде јавна изјава на 1 Јуни 2014.


Иако, амандманите на Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам беа усвоени и влегоа во сила на 25.06.2014, амандманите на Кривичниот Закон не се усвоени. Moneyval Комитетот ја повикува Босна и Херцеговина што е можно поскоро и правилно да ги надмине недостатоците на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, посебно потребно ќе биде да ги усвои амандманите на Кривичниот Закон


Moneyval Комитетот продолжува да ги повикува државите кои ги евалуира и другите држави да ги известат финансиските институции да посветат посебно внимание со примена на мерки на засилена анализа кон трансакциите на лица или финансиски институции од или кон Босна и Херцеговина, за да го пресретнат ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.


Управата за финансиско разузнавање информира за мерките на Moneyval Комитетот кон државите кои имаат значајни недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам и да бара постапување согласно позитивните законски прописи и да преземање мерки на засилена анализа.


Moneyval Комитетот при Советот на Европа на 44от Пленарен состанок донесе одлука за издавање на јавно соопштение за примена на засилени мерки кон Босна и Херцеговина. Ова е јавното соопштение на Moneyval Комитетот:


                          Јавно соопштение на Moneyval Комитетот во рамки на Чекор 3 во
                       Постапката за постигнување на усогласеност на Босна и Херцеговина


                                                                                                                                                         1 Јуни 2014 година


Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (Moneyval) при Советот на Европа утврди недостатоци на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (СПП/ ФТ) на Босна и Херцеговина во декември 2010 година.


Moneyval Комитетот на 35от Пленарен Состанок (одржан во периодот 11-14 април 2011, во Стразбур), ја повика Босна и Херцеговина да подготви јасен акционен план и реална временска рамка за надминување на недостатоците на системот за СПП/ ФТ утврдени во рамки на третиот круг на евалуација. Дополнително, за да биде покажана политичка волја, Moneyval Комитетот побара акциониот план да биде одобрен од страна на Владата. На 36от Пленарен Состанок (одржан во периодот 13-16 декември 2011) Moneyval Комитетот истакна дека на 10 октомври 2011 година Советот на министри на Босна и Херцеговина го разгледа и усвои акциониот план. Moneyval Комитетот на 43от Пленарен Состанок (одржан во периодот 9-13 декември 2013), утврди дека мнозинството од целите утврдени во акциониот план не се исполнети, Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам не е усвоен и амандманите за изменување на Кривичниот законик се одбиени. Moneyval Комитетот бара Босна и Херцеговина да преземе итни и значајни мерки за надминување на недостатоците на системот за СПП/ ФТ, со усвојување на потребните измени во законодавството за СПП/ ФТ.


Moneyval Комитетот ги повикува државите кои ги евалуира и другите држави да ги известат финансиските институции да посветат посебно внимание со примена на мерки на засилена анализа кон трансакциите на лица или финансиски институции од или кон Босна и Херцеговина, за да го пресретнат ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.