Новости

Семинар на тема “Насоки за воспоставување на Централен регистар за краен сопственик”

На 01 Декември 2017, Проектот против економски криминал организира семинар на тема “Насоки за воспоставување на Централен регистар за краен сопственик” во хотел Stone Bridge, Skopje.



Семинар на тема “Зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал

Управата за финансиско разузнавање, заедно со канцеларијата на ОБСЕ во Република Мекадонија, организира регионален семинар на тема “Зајакнување на регионалната соработка во Југоисточна Европа во борбата против финансискиот криминал, со фокус на перење пари и финансирање на тероризам”. Семинарот ќе се одржи на 29ти и 30ти ноември во хотел Арка во Скопје со почеток во 08,30 часот.
Предавачи ќе бидат претставници од повеќе надлежни државни иституции како и експерти од земјите во Југоисточна Европа.



Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам

На иницијатива на Управата за финансиско разузнавање започна реализација на проектот „Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам“. Овој проект, чие времетраење е една година, се реализира со помош на Светска банка, а определени активности ќе се реализираат во соработка со Европската Комисија- TAIEX и OSCE.

Потребата за спроведување на Национална проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам е утврдена со меѓународните стандарди за спречување на перење пари и финансирање на тероризам - Препораките на ФАТФ од 2012 година.

Националната проценка на ризиците од перење пари и финансирање на тероризам претставува комплексен процес во рамките на кој се утврдуваат и проценуваат ризиците од перење пари и финансирање на тероризам, се анализираат главните извори и ризик фактори со цел развивање на политики, мерки и алокација на ресурсите врз основа на проценетиот ризик заради отстранување, намалување и ублажување на утврдените ризици на најефикасен начин. Крајна цел на овој процес е одржување ефикасен и врз основа на ризикот базиран систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Во реализацијата на овој проект и остварување на зацртаните цели учествуваат надлежните институции (Министерство за внатрешни работи, Министерство за правда, Министерство за финансии, Јавно обвинителство, Врховен суд, Народна банка, Агенција за супервизија на осигурување, Комисија за хартии од вредност, факултет за безбедност и др.) и претставници од приватниот сектор (банки, брокерски куќи, адвокати, нотари, казина и др), односно сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република Македонија.

Во периодот од 7ми до 9ти мај 2014 година беше организирана почетна работилница, на која беше презентиран концептот за проценка на ризикот и алатките за спроведување на националната проценка на ризикот, со тоа беше означен и официјалниот почеток на проектот. Во овој период се реализира Фаза II во рамките на која се прибираат дополнителни податоци, се врши нивна анализа и се подготвува извештај, кој треба да биде презентиран на завршната конференција.



Пленарен состанок на Egmont Групата

Санкт Петербург, Русија, 10 јули 2012

Во период од 10 до 13 јули, директорот на Управата за финансиско разузнавање...