ЕГМОНТ ГРУПА

Егмонт Групата е форум на Единици за финансиско разузнавање (од целиот свет) чија цел е да ја поттикнува меѓународната соработка и обезбедува ефикасна имплементација на регулативата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Своите цели, кои се единствено поставени во функција на подоброто спроведување на законите од страна на Единиците за финансиско разузнавање, се остваруваат преку:

-проширување и продлабочување на меѓународната соработка за размена на податоци и информации врз основа на принципот на реципроцитет и преку користење на сигурен канал за размена на податоци, обука и размена на искуство,

-поттикнување на соработката и координацијата меѓу Единиците за финансиско разузнавање на оперативно ниво,

-поттикнување за развивање на (оперативните) капацитети на секоја Единица за финансиско разузнавање и

-поттикнување на формирање на нови Единици за финансиско разузнавање во државите каде истите не постојат и др.

Размената на податоци и информации меѓу Единиците за финансиско разузнавање е од исклучително значење заради тоа Единици за финансиско разузнавање членки на ЕГМОНТ Групата разменуваат податоци преку заштитена (криптирана) мрежа на интернет (Egmont Secure Web Site), која обезбедува нивно сигурно и навремено доставување до (вистинскиот) крајниот корисник (Единицата за финансиско разузнавање која ги побарала овие информации или на која може да и користат во ситуација на спонтано доставување на податоци).

Управата за финансиско разузнавање е членка на ЕГМОНТ Групата од јуни 2004 година кога на 12от Пленарен состанок на ЕГМОНТ Групата е примена под уставното име Република Македонија. Од своето зачленување Управата редовно разменува податоци и информации со сите Единици за финансиско разузнавање членки на ЕГМОНТ Групата, а притоа применувајќи ги сите правила и најдобри практики за размена на податоци и заштитувајќи ја доверливоста на добиените информации.