MONEYVAL КОМИТЕТ

Во рамки на Советот на Европа, а по барање на европските министри за правда, во 1997 година формиран е MONEYVAL Комитет на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам (следбеник на Комитетот PC-R-EV). Во овој комитет членуваат 28 постојани членки (воедно членки и на Советот на Европа) и членки во својство на набљудувачи. Целта на овој комитет е да обезбеди ефикасни и стандардизирани системи за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во државите членки на овој комитет.

Република Македонија е членка на MONEYVAL Комитет при Советот на Европа од 1998 година.

Системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на Република Македонија е евалуиран во рамки на трите круга на евалуација од страна на MONEYVAL Комитет и подготвени се четири извештаи од оценските мисии спроведени во 1999 година, во 2002 година, во 2008 година и 2014 година.
На следниот линк извештаи може да ги пронајдете извештаите подговтени од страна на MONEYVAL Комитетот.