МЕЃУНАРОДНИ СТАНДАРДИ

Во последните две декади меѓународната заедница презеде редица активности и мерки за справување со проблемите кои ги предизвикува перењето пари. Различни меѓународни организации согледувајќи ги размерите и последиците од перењето пари, а по 11 септември 2001 година и последиците од финансирањето на тероризмот поинтензивно пристапија кон дефинирање на стандардите кои треба да доведат до реализација на кохерентни мерки на глобално ниво кои придонесуваат за ефикасно функционирање на систем со глобална забрана и не толеранција кон перењето пари и финансирањето на тероризмот.

Во надлежност на Организација на Обединетите Нации донесени се две конвенции од исклучително значење за борбата против перењето пари,недозволената трговија со дрога и транснационалниот организиран криминал:

1.Конвенција на ООН за борба против недозволената трговија со дроги и психотропни супстанции од 1988 година (Виенската Конвенција) и

2.Меѓународна Конвенција на ООН против транснационалниот организиран криминал од 2000 година (Палермо Конвенција)

Активностите и напорите на Совет на Европа во сферата на спречување на перење пари и финансирање на тероризам резултираа со усвојување на:

1.Конвенција на Советот на Европа од 1990 за перење пари, откривање, заплена и конфискација на имотната корист прибавена со кривично дело (Стразбуршката Конвенција) и

2.Конвенција на Совет на Европа од 2005 за перење пари, откривање, заплена и конфискација на имотна корист прибавена со кривично дело и за финансирање на тероризам (Варшавската Конвенција).


Европската Унија потврдувајќи дека мерките за спречување на перење пари се едни од најефикасните мерки за спротивставување на заканите од трговијата со дрога и организираниот криминал по сигурноста на заедницата, дополнителни мерки за заштита на единствениот економски пазар, слободното движење на капитал и лојалната конкуренција, разви регулатива за спречување на перење пари. Тука може да ја пронајдете Трета Директива на Европскиот Парламент и Советот на Европската Унија за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам.

ФАТФ како институцијата која и според сфаќањето на г-дин Паул Вландерен, поранешен претседател на ФАТФ, е „Водечките меѓународни институции, вклучувајќи ги Г-20, ООН, Светска Банка и ММФ, потврдија дека ФАТФ е врвната институција која поставува стандарди.“ во февруари, 2012 година донесе нови (ревидирани) 40 Препораки.

Тука може да ги пронајдете новите препораки на ФАТФ.