Насловна




Одлука за избор на 1 (еден)- за работно место раководител на Одделение за правни и административни работи - финансиски разузнавач




УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ НА ИДЕНТИФИКУВАЊЕ НА ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК


УПАТСТВО ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА МЕРКИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ КОН НОСИТЕЛИТЕ НА ЈАВНИ ФУНКЦИИ



ИНФОРМАЦИЈА - Писмениот испит во врска со објавениот јавен оглас ќе се оддржи на 26.10.2018 година во 13 часот во просториите на УФР

Jавен оглас за вработување



Почитувани,

Ефикасните системи за спречување перење пари и финасирање тероризам кои ги воспоставуваат субјектите имаат позитивни ефекти на одржувањето на интегритетот и репутацијата на субјектот, а како исклучително битна компонента на овој систем е утврден човечкиот. Од таа причина направени се подобрувања на нормите за спречување перење пари и финасирање тероризам во насока на прецизиање на профилот и компетенциите на овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Во член 57 став 7 од Законот за спречување перење пари и финасирање тероризам (Службен весник на РМ бр.120/2018) определено е дека овластеното лице, неговиот заменик и вработените во одделот за спречување перење пари и фиансирање тероризам треба да поседуваат безбедносен сертификат со степен „доверливо“. Овие сертификати ги издава Дирекција за безбедност на класифицирани информации. Поради тоа, потребно е сите субјекти да ја контактираат Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации за отпочнување на постапката за издавање на безбедносен сертификат на овластеното лице, неговиот заменик или вработените во одделот.

Податоци за контакт на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации:
http://www.dbki.gov.mk/ или
Дирекција за безбедност на класифицирани информации
ул. „Васко Карангелески” бр.8 (Касарна „Гоце Делчев“)
1000 Скопје
Република Македонија
Tел.: + 389 2 3299 820
Факс: + 389 2 3299 829
e-mail:direkcija@dbki.gov.mk

Со почит,
Управа за финансиско разузнавање




Почитувани,

Собранието на Република Македонија го донесе Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на седницата одржана на 26 јуни 2018 година. Законот е објавен во Службен весник на Република Македонија бр. 120 на 29 јуни 2018 година и истиот влезе во сила на 7 јули 2018 година.

Закон е усогласен со ЕУ Директивата 2015/849 на Европскиот Парламент и на Советот за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање на тероризам од 2015 година.

Законот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам може да го пронајдете тука. Прашањата поврзани со имплементација на овој закон може да ги доставите на следната адреса: contact@ufr.gov.mk.

Со почит,
Управа за финансико разузнавање



ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на 3 (три) лица во Министерството за финансии - Управа за финансиско разузнавање на неопределено време

Одлука за избор на 1 извршители - за работно место помлад разузнавач за меѓународна соработка

Одлука за избор на 1 извршители - за работно место помлад разузнавач за аналитика

Почитувани,

Добредојдовте на веб страната на Управата за финансиско разузнавање.

НОВО - ИЗВЕШТАЈ ЗА СПРОВЕДЕНА НАЦИОНАЛНА ПРОЦЕНКА НА РИЗИКОТ ОД ПЕРЕЊЕ ПАРИ И ФИНАНСИРАЊЕ НА ТЕРОРИЗАМ

Република Македонија го постави и го гради системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во согласност со меѓународните стандарди и најдобрите меѓународни практики.

Меѓународните стандарди наметнаа обврска политиките и институционалната реакција за спречување на перење пари и финансирање на тероризам да се постават во зависност од заканите и проценетиот ризик. Градењето систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам адекватен на проценетот ризик е условен од претходно спроведена проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам.

Обврската за спроведување на проценка на ризикот (на национално ниво) е пропишана со Препораката 1 на ФАТФ . Имено, овој меѓународен стандард во суштина изискува да се спроведат сеопфатни и комплементарни активности за да се идентификува, процени и разбере ризикот од перење пари и финансирање на тероризам. Следствено, ќе се создаде основа да се креираат и имплементираат адекватни политики и мерки за спречување на перење пари и финансирање на тероризам кои треба да го пресретнат утврдениот ризик, како и да се изврши правилна алокација на ресурсите. Истото за задолжените субјекти ќе претставува основа за примена на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам соодветно на утврдениот ризик.

Извештај за спроведена национална проценка на ризикот од перење пари и финансирање на тероризам

Report for conducted national risk assessment of money laundering and financing of terrorism


Управата за финансиско разузнавање функционира од март 2002 година како орган во состав на Министерството за финансии. Во текот на овие години, нашата институција го промени два пати својот назив, од Дирекција за спречување на перење пари во Управа за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, а потоа го добива и денешниот назив, Управа за финансиско разузнавање. Зајакнувајќи ги сопствените кадровски и технички капацитети, проширувајќи ги своите надлежности паралелно го зајакнавме и својот статус како орган со својство на правно лице.

Како и во другите држави во светот така и нашата институција функционира како единица за финансиско разузнавање, со основна надлежност да прибира, обработува и доставува податоци за целите на спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Наши партнери во остварувањето на овие функции се субјектите од една страна и органите на прогонот од другата страна.

Субјектите имаат обврска да преземаат мерки и дејствија за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, односно да реализираат една серија од сеопфатни мерки кои треба да придонесат во што поефикасно спроведување на обврската да се препознаат обидите за перење пари и финансирање на тероризам и за истото да ја информираат нашата институција.

Податоците примени од задолжените субјекти или органите на државата, Управата ги обработува, ги дополнува со податоци и информации од други извори, како од нашата така и од други држави, ги анализира и резултатите од своите анализи, во форма на извештај или известување ги доставува до Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција и/или Јавното обвинителство.

Покрај овие функции Управата за финансиско разузнавање врши надзор над примената на мерките и дејствијата за спречување на перење пари и финансирање на тероризам над сите субјекти, самостојно или во координација со органите на надзор.

За целите на зголемување на степенот на координација меѓу сите институции вклучени во системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам, Управата за финансиско разузнавање уште од 2005 година го иницираше формирањето, а потоа и организирањето на работата на Советот за борба против перење пари и финансирање на тероризам.

Управата за финансиско разузнавање со своето членство во ЕГМОНТ Групата од 2004 година е рамноправен партнер на Единиците за финансиско разузнавање од светот. Информациите кои ги поседува, а се од интерес на другите држави, навремено и заштитено ги доставува, а информациите кои се од интерес ги побарува. Меѓународната и регионалната соработка, меѓусебната размена на податоци, размената на искуства на полето на превенција и детекција се битен фактор за изградба и воспоставување на ефикасен и функционален национален систем за спречување на перење пари и финансирање на тероризам.

Во текот на изминатите години, како и во текот на оваа 2012 година во која славиме десет годишен јубилеј од своето постоење, потврдуваме дека наша основна мисија е заштита на финансискиот систем на државата од заканите од перење пари и финансирање на тероризам преку почитување на меѓународните стандарди, унапредување на човечките и техничките капацитети, во функција на ефикасно препознавање на случаите за перење пари и финансирање на тероризам и следствено на тоа навремено информирање на надлежните органи на прогонот и репресијата.

Управата за финансиско разузнавање останува посветена на континуирано исполнување на својата мисија, исполнување на обврските кои произлегуваат од процесот на евро-атланските интеграции и вложување на своите капацитети во постојано институционално унапредување и одржување на чекор со своите партнери.

Со почит,