За Управата

Службени трошоци на именуваниот Директор за период од декември 2014 година до мај 2015 година

Службени трошоци на именуваниот Директор за период од декември 2017 година до мај 2018 година


Завршна сметка на Управата за финансиско разузнавање за 2017 година


Буџет на Управата за финансиско разузнавање за 2018 година


Завршна сметка на Управата за финансиско разузнавање за 2016 година


Буџет на Управата за финансиско разузнавање за 2017 година


Ребаланс на буџетот на Управата за финансиско разузнавање за 2017 година


План за јавни набавки на Управата за финансиско разузнавање, со сите негови измени за 2017 година


Управата за финансиско разузнавање е орган во состав на Министерството за финансии, со својство на правно лице кој прибира, обработува, анализира, чува и доставува податоци за откривање и спречување на перење пари и финансирање на тероризам до надлежните органи.

Законот за спречување на перење пари и други приноси од казниво дело и финансирање на тероризам во член 3 ги определува надлежностите на Управата за финансиско разузнавање, и тоа:

-бара, прибира, обработува, анализира, чува и доставува податоци добиени од субјектите врз основа на овој закон,

-прибавува финансиски, административни и други податоци и информации, неопходни за извршување на своите надлежности,

-изготвува и поднесува извештаи со мислење до надлежните државни органи, секогаш кога постојат основи на сомневање за сторено кривично дело перење пари и финансирање на тероризам,

-ги известува надлежните државни органи за постоење на основи на сомневање за сторено друго кривично дело,

-издава писмен налог на субјектот со кој привремено ја задржува трансакцијата,

-поднесува барање за поднесување на предлог за определување на привремени мерки до надлежниот јавен обвинител,

-поднесува налог за следење на деловниот однос до субјектот,

-поднесува барање за покренување на прекршочна постапка пред надлежниот суд,

-соработува со субјектите од член 5 од законот, Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиската полиција, Јавното обвинителство, Царинската управа, Управата за јавни приходи, Државниот девизен инспекторат, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија, Народната банка на Република Македонија, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Агенцијата за супервизија на осигурување, Државната комисија за спречување на корупцијата и други државни органи и институции, како и со други организации, институции и меѓународни тела за борба против перењето пари и против финансирањето на тероризмот,

-склучува договори за соработка и разменува податоци и информации со овластени тела на други држави и меѓународни организации, вклучени во борба против перење пари и финансирање на тероризам;
-врши надзор над субјектите за примената на мерките и дејствијата определени со овој закон;

-поведува иницијативи или дава мислења на закони и подзаконски акти што се однесуваат на спречување и откривање на перење пари и финансирање на тероризам,

-помага и учествува во професионалното усовршување на овластените лица и вработените во Одделот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам во субјектите од членот 5 на законот,

-утврдува листи на индикатори за анализа на ризик и за препознавање на сомнителни трансакции во соработка со субјектите и органите кои вршат надзор врз нивното работење;

-планира и спроведува обуки за усовршување и оспособување на вработените во Управата,

-дава појаснување во примената на прописите за спречување на перење пари и финансирање на тероризам,

-и врши други работи определени со закон.

Управата за финансиско разузнавање работите од своја надлежност ги врши согласно со закон, ратификуваните меѓународни договори со кои се уредува спречувањето перење пари или финансирање на тероризам.

За работите од својата надлежност Управата за финансиско разузнавање еднаш годишно изготвува извештај и го доставува до министерот за финансии и до Владата на Република Македонија.